Претседателски кандидат во Бразил од затвор ќе води кампања

Тоа било одлучено на конгресот на партијата..

Работничката партија на левиот центар го именуваше својот кандиат за претседателските избори во октомври поранешниот претседател на Бразил, Луис Лула да Силва кој моментно е во затвор поради корупција.

Претседателските избори ќе бидат одржани заедно со парламентарните. Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 7 октомври, а вториот на 28 октомври доколку ниту еден од кандидатиоте не добие повеќе од 50 отсто гласови.

Да Силва беше претседател од 2003 до 2010 година. Сега отслужува затворска казна од 9,5 години поради тоа што наводно прифатил лусузен стан од градежна фирма во замена за политички услуги, што тој негира.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top