Претседавањето на Бугарија со Советот на ЕУ ги зголемува надежите за земјите од Западен Балкан

По преземањето на претседателството со Европската Унија, официјална Софија соопшти дека приоритет ќе и биде давањето поголема поддршка за земјите од Западниот Балкан за исполнување на условите за почнување на преговорите за членство..

„Тектонските геополитички поместувања, како што се гледаат обидите на Русија за доминација, на некој начин ги алармира и Вашингтон и Брисел дека конечно треба да се навратат во Југоисточна Европа, особено на Западниот Балкан и за негова брза интеграција за да не падне под влијание на Русија“, вели аналитичарот Биљали.

Решавањето на споровите со Бугарија, според Биљали покажува дека е можно да се постигне спогодба и со Грција.

„Претседавањето на Бугарија со Советот на ЕУ во наредните 6 месеци, сите овие позитивни точки ќе бидат во насока на тоа Македонија конечно да го добие потребната насока и да почне преговори, односно да добие покана за членство во НАТО“, додава Биљали.

Во текот на мај во Бугарија се очекува да се одржи првиот заеднички самит на ЕУ со земјите од Западен Балкан, нешто што не се случило во последните 15 години. Лани Македонија и Бугарија потпишаа Договор за добрососедство кој чека на ратификација во двата националните парламенти.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top