Презентиран мастер планот на Сахара за проектот млекарница

Целосниот мастер план детално го објаснува распоредот и динамиката на одвивање на работите на терен..

На денешниот состанок во министерството за земјоделство, претставниците на Сахара Пјур го презентираа мастер планот за проектот пред министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, претставници од Агенцијата за храна и ветерина, од Министерството за транспорт и врски, од Агенцијата за просторно планирање, градоначалникот на Лозово и Свети Николе, како и Виктор Мизо, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони. Каде ќе бидат сместени капацитетите на млекарницата, каков е планот за спроведување на проектот, со каква технологија ќе функционира млекарницата, каде ќе бидат сместени 20-те илјади грла говеда, каде ќе се произведува сточната храна? На сите овие прашања денеска дадоа одговор од Сахара Пјур за проектот Сахара млекарница во Македонија.

Целосниот мастер план детално го објаснува распоредот и динамиката на одвивање на работите на терен. Следната година ќе започне и изградбата на модерната енергетско ефикасна млекарница со модерна фарма со современ систем на молзење и напредна технологија за надгледување на сточниот фонд.

Целиот проект ќе биде во соработка со општините кои се зафатени со него, како и со постојана размена на информациите со Министерството за земјоделие во текот на спроведување на проектот.

Сахара Групацијата во следните три години ќе изгради регионален млечен центар, инвестиција вредна  211 милиони евра, каде ќе се вработат над 2000 лица и изгради на фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20 илјади грла говеда. Во тимот на Саха Пјур се експерти од Европа, САД и Саудиска Арабија кои работат со години на вакви фарми и имаат големо искуство.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top