Преживеа нов „руски рулет“: Хрватска на пенали до полуфинале

Фудбалска реминисценција во Хрватска..

„Коцкестата“ репрезентација по цели две децении ќе игра полуфинале на Светско првенство. Избраниците на Златко Далиќ вечерва ја елиминираа Русија за комплетирање на големата четворка на мундијалот. Влезот во неа беше поплочен на идентичен начин како и во осминафиналето против Данска – на пенали. 

И Хрватите и Русите постигнаа по гол во основниот дел (1:1) од пресметката во олимписко Сочи, и Хрватите и Русите постигнаа по гол во двете продолженија (2:2), но Хрватите постигнаа еден повеќе од Русите во серијата удари од белата точка или ако сакате Русите промашија еден повеќе.

Серијата голови на стадионот „Фишт“ на брегот на Црното море ја отворија и затворија фудбалерите на „зборнаја“. Денис Черишев со прекрасен погодок од 20. метри во 31. минута обезбеди водство за домаќинот на СП 2018 на што одговори Андреј Крамариќ во 39. минута за израмнување на Хрватите на 1:1, резултат што остана непроменет до истекот на 90. минута. „Коцкестите“ порешително влегоа во продолженијата, а последица на таквиот нивни пристап беше голот на Домагој Вида во 101. минута за 2:1.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top