Принцот Чарлс позитивен на коронавирус

Принцот Чарлс е позитивен на коронавирус. Неговата сопруга Камила е негативна по извршеното тестирање..

Принцот од Велс (71) се наоѓа во домашна изолација во дворецот во Шкотска.

Принцот од Велс е позитивен на коронавирус. Тој имаше полесни симптоми, но е со добро здравје и работеше како и обично изминативе денови. Камила е исто така тестирана и таа го нема вирусот. Со координација од владата и советите од лекарите, принцот и војвотката се во самоизолација, истакна портпаролот на кралската резиденција во Лондон.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top