Принцот Хари за роденденот ја однесе Меган во Африка

Хари долго го планираше овој одмор..

Британскиот принц Хари и американската актерка Меган Маркл заминале на романтично патување во Африка, каде што го прославуваат 36-тиот роденден на девојката. Тоа ги подгреа шпекулациите дека принцот можеби ќе ја запроси актерката.

- Хари долго го планираше овој одмор. Мислеше на сè и се потруди да биде романтично. Ќе кампуваат под ѕвезди, ќе пловат со чамец преку езеро и ќе уживаат во долги прошетки - открил извор близок до кралското семејство, пренесе „24 сата.хр“.

Се шпекулира дека 32-годишниот Хари овој месец сака да ја запроси Меган Маркл, на 20-годишнината од смртта на неговата мајка, принцезата Дијана. Дестинацијата што ја одбрал за прослава на роденденот на девојка си е популарно место за меден месец.

- Никој не знае што ќе се случи кога заедно ќе го гледаат сензационалното зајдисонце. Можеби Хари ќе клекне пред Меган - додал извор близок до кралското семејство.

Пред да заминат на Сафари во Африка, фотографите на аеродром ја „уловиле“ актерката Меган како држи подарок во раце, кој наводно бил од Хари, но не се знае што ѝ подарил.

Меган и Хари се во врска повеќе од една година. На почетокот, кралското семејство наводно не било задоволно од изборот на принцот, но на крајот ја прифатило Американката.

Инаку, принцот Хари за Африка изјавувал дека таа е негов душевен дом, каде што може да се одмори и да биде понастрана од сè што го оптоварува.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top