Приведен родителот кој нападна доктор на Токсикологија

Родителот кој вечерва нападна дежурен лекар на Клиниката за токсикологија е пронајден и приведен, а против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од МВР за вечерашниот инцидент..

Станува збор за триесет и двегодишниот С.И. кој вечерва со своето малолетно дете бил на Токсикологија.

Откако лекарот го препратил на педијатрија, тој го нападнал лекарот кој со повреди заврши на Ургентниот центар.
Веднаш по добиената пријава полициски службеници излегоа на местото на настанот. Преземени се мерки и активности, лицето е пронајдено и лишено од слобода и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат за Фокус од МВР.

Лекарот имал повреди во вид на ресекотини на главата и површен хематом, по што е пуштен на домашно лекување.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top