Приведени 59 лица поради непочитување на владините мерки

Во текот на изминатото деноноќие на 88 лица им се издадени решенија за изолација, а 55 лица потпишале изјави за самоизолација..

Од страна на полицијата извршени се 1.700 контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани прекршувања на мерките.

По однос на мерката за забрана на движењето, во изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 72 не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 59 лица.

Во државен карантин се спроведени 52 лица.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top