Прочитајте го договорот на македонски јазик

Македонската Влада денеска се очекува да го објави договорот со Грција, кој е најавено дека ќе се потпише во следните неколку дена, а според грчките медиуми, најверојатно в сабота во грчкиот дел на Преспа..

Договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на потпишувањето ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и Федерика Могерини, висока претставничка на ЕУ за безбедност и надворешна политика.

Некои грчки медиуми вчера го објавија договорот. Порталот МКД.мк објави целосен превод на договорот според содржината објавена во грчкиот весник Катимерини.

Прочитајте го договорот на македонски јазик на следниов линк.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top