Продаден болидот на Шумахер: Неверојатна сума за шампионскиот модел од 2002 година!

Легендарниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер, веќе шест години се наоѓа во кома по тешката несреќа на скијање. Германецот одамна е меѓу легендите на овој спорт, а уште еден доказ за тоа пристигна од Абу Даби..

Таму, болидот на Ферари F2002, кој го возеше Шумахер во 2002. година, продаден е на аукција за неверојатна сума од околу 6,6 милиони долари!

Болидот го дизајнираа Рој Бирн, Рос Брон и Паоло Мартинели, а Шумахер во 2002 и 2003 година со него освојуваше титули, победувајќи на голем број трки.

За потсетување, откако во 2013. година доживеа несреќа на алпите, неговата здравствена состојба е во строга тајност која ја бара семејството. Сепак, во јавноста се појавија некои информации кои само ги заинтригираа навивачите на легендарниот возач.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top