Продолжува брканицата: Меси го помина Роналдо и пак е рекордер!

Двајцата најдобри фудбалери на денешнината во секое коло соборуваат по некој рекорд во Лигата на шампионите..

Кристијано Роналдо синоќа стана прв фудбалер во историјата со 100 победи, а вечерва Лионел Меси собори еден негов рекорд. Аргентинецот го постигна 106. гол во елитното натпреварување и стана фудбалер со најмногу голови за еден клуб.

Роналдо има 105 како член на Реал и веројатно не може да го стигне Меси, освен ако некогаш во кариерата одлучи да се врати на Бернабе во што никој не верува.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top