Продолжува интервјуирањето на кандидатите за Антикорупциска, седници на уште две комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за прашања на изборите и именувањата, за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија..

Комисијата за труд и социјална политика ќе одржи две последователни седници на чиј дневен ред е Предлог-законот за практикантство, како и измените на Законот за Црвениот крст на Република Македонија, двата во второ читање.

И Законодавно правната комисија ќе одржи две седници на кои ќе се расправа за предлог законите за изменување на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, во прво читање, како и за измените на Законот за Црвениот крст на Република Македонија, во второ читање.

На дневниот ред се и предлог измените на Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати и на Законот за практикантство, двата во второ читање, како и барањето за давање на автентично толкување на член 2, точка 4 од Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, поднесено од пратеникот Мухамед Зеќири и исправката на Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на набавката на нови автобуси за Град Скопје, кој ќе се склучи меѓу Европската банка за обнова и развој и Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top