Продолжува процесот на катарза во ВМРО-ДПМНЕ, денеска нов Извршен комитет

Во текот на денешниот ден, ќе заседава Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што се очекува да биде изгласан новиот состав на Извршниот комитет на партијата..

Според информациите, Извршниот комитет ќе биде помал според бројот на членовите од претходниот и во неговито состав ќе влезат неколку нови имиња коишто ќе дадата дополнителна политичка тежина и динамичност.

Воедно, ова партиско тело и натаму ќе се потпира и на искуството на личностите кои долг период се во партијата и даваат огромен придонес во работата на теренот. Во новиот Извршен комитет ќе останат неколку членови од претходниот состав, на кои мандатот сѐ уште не им е истечен.

Новиот Извршен комитет е дел од пакетот структурни промени, кој го започна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, веднаш по јулските парламантарни избори. Тогаш Централниот комитет изгласа нов статут кој беше поздравен како најдемократски од страна на Европската народна партија. Во рамктие на овие промени, беше назначен и нов лидер на Унијата на млади сили на партијата и нов Извршен комитет на помладокот на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, нова претседателка доби и Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, а воедно беа назначени претседатели на значителен број општински комитети, а според најавите тој процес ќе продолжи во скора иднина.

На седницата на Централниот комитет вечерва, исто така, ќе се дискутира и за прашања поврзани со резултатите од предвремените парламентарни избори на 15-ти јули. Седницата е закажана во 18,30 часот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top