Продолжува „Рекет“, јавноста „влезе“ во плакарот на Боки 13, на ред е домот на Јанева

Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи рочиштето за случајот „Рекет“, во кој обвинети се поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева и Бојан Јовановски..

И на денешното рочиште е предвидено да се прзентираат материјални докази, обезбедени од страна на обвинителството. Вчера се прикажуваа форографии од запленетата брендирана гардероба на Боки 13, одсносно од брендирани очила, чанти, шешири и каиши до капути и чизми. на денешното рочиште се очекува да се видат фотографии и од запленетите докази од домот на Јанева, односно гарнитурата и чантата „луј витон“.

Целокупната брендирана облека на Боки 13 била спакувана во 71 црна вреќа и со камион од домот на обвинетиот била однесена во Агенцијата за управување со привремено одземен имот.

Јовановски бараше целата облека, парче по парче, да се донесе во судница.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top