Продолжува судењето за „Монструм“

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за случајот „Монструм“ којшто се однесува на однесува на петкратното убиство кај Смилковско езеро во 2012 година..

На претходното рочиште, беа сослушани сведоците Ахмед Бекир, Кемал Насим и Бајрам Мемедов.

При петкратното убиство на Смилковското езеро во 2012 година беа убиени Кире Тричковски, Филип Славковски, Светан Ацковски, Александар Нацевски и рибарот Борче Стефановски. Обвинетите за овој случај пред некое време беа ослободени да се бранат во слобода.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top