Програма за соработка во културата меѓу Македонија и Бугарија

Македонија и Бугарија потпишаа програма за културна соработка.

Министерот за култура на Македонија, Асаф Адеми кој беше дел од македонската владина делегација што вчера, предводена од премиерот Зоран Заев, престојуваше во еднодневна работна посета на Бугарија, и неговиот бугарски колега, Боил Банов во Софија потпишаа Програма за соработка. 

Овој документ, како што соопшти Министерството за култура, се надоврзува на потпишаниот Договор за добрососедство, пријателство и соработка, а ќе ги интензивира културните врски меѓу двете држави во кои низ годините наназад се реализираа бројни иницијативи и проекти од сите дејности од областа на културата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top