Проколнатата седумка на Јунајтед ќе има нов газда, ќе успее ли да го скине проклетството?

Различни информации доаѓаат последните денови од Германија и Англија во врска со судбината на Џејдон Санчо за кого е заинтересиран Манчестер Јунајтед, а Борусија Дортмунд не го дава по 108 милиони фунти..

Наводно, премиерлигашот се откажал од својата намера да го купи талентираниот фудбалер, но преговорите сепак траат и најверојатно Санчо ќе заврши на Олд Трафорд. Неофицијално, тој веќе го избрал и бројт што ќе го носи на својот грб – седумката која 50 години беше легендарен број во клубот, но од 2009 година, кога си замина Кристијано Роналдо, е проколнат.

Оттогаш го носеа четворица фудбалери и ниеден не се прослави во дресот на Јунајтед. Прв беше Мајкл Овен кој дојде по заминувањето на Кристијано Роналдо и за три години одигра само 52 натпревара, постигнувајќи 17 гола. По него, една сезона седумката беше сопственост на Антонио Валенсија кој освен шампионската титула, нема добри спомени од таа година, па по неа веднаш се врати на 25-ката.

За Анхел ди Марија нема зборови, тотален очај и од негова страна и од страна на навивачите во односот кон него и целиот тим, едно од најголемите промашувања во историјата на клубот. Потоа три години никој не играше со бројот седум, за зимата 2018 да го избере Алексис Санчес, уште едно големо разочарување во постоењето на клубот, скапо платено.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top