Промени на 457 Визата за Австралија! - Еве што точно се менува!

Австралија ги менува правилата за добивање работна виза..

По најновите вести околу новиот закон за добивање виза за Австралија во јавноста се создаде паника од што произлегоа и низа недоразбирања.

Со цел да се надминат недоразбирањата и да се појаснат новитетите Фаланга го контактираше Зак Ристов, регистриран агент за миграција од Мелбурн, Австралија.

Проследете ја информацијата што ни ја доставија во целост:

Велика Британија го направи со Brexit, Америка со Трамп и сега Австралија изгледа дека следи. Picking со имигрантите е сигурно тренд што расте.

Австралиската Влада им зададе удар на илјадници работници и работодавачи, кога ги најави плановите за укинување на 457 визата и замена на истата со две нови привремени квалификациони визи, како дел од Програмата за Привремени Квалификациски Недостаток.

За неколку часови од најавата, две значително обработени листи беа објавени, theMedium and Long-Term Strategic Skills List (MLTSSL) and theShort-Term Skilled Occupation List (STSOL).

Програмата е отсечена и покрај фактот дека 457 визите се намалени значително со годините, од 126,000 во 2012 година, на само 95,000 во 2016 година.

Не е тајна дека 457 Виза системот е под напад веќе некое време, работодавците и апликантите да мораат да поминуваат потежок пат до добивање на визата. Ужасниот апликационен процес беше сосема доволен за одредување работодавачи кои вистински имаа потреба од 457 работници.

Реформите се веќе почнати и ќе завршат рано следната година.

Еве што знаеме до сега. Ќе го обновуваме овој список на реформи веднаш што бидат ослободени нови информации.

Главни промени закажани за промена на различни датуми во следните месеци:

·  Пократка листа на занимања

·  Минимум од 2 години работно искуство е задолжително

·  Минимум висина на плата

·  Тестирање на пазарот за вработување е задолжително

·  Само едно обновување во Австралија е дозволено за апликанти под кратко - времена TSS stream

·  Лицата со Medium-term TSS виза може да имаат право за PR после 3 години

·  Лицата со Short-term TSS виза можат да обноват во Австралија

·  Периодот за стекнување на право за PR ќе порасне од 2 на 3 години

·  Зацврстени training benchmark барања

·  Споредување на информации помеѓу ATO и Border ProtectionЗадолжителни полициски сертификати

Промени на условите за подобност за employer- sponsored PR:  

·  Минимум од 3 години работно искуство е задолжително

·  Максимум возраст од 45 години

·  Зацврстени training benchmark барања

·  Работодавците мора да ги исполнуваат минималните барања плата и да плати плата по вредност на пазарот

·  Да се поседува IELTS со оценка 6 или повеќе

·  Да се посветат на работење за фирмата во рок од 3 години

Овие реформи ќе се разложат во следните 11 месеци.

Временските рокови што се дадени ги содржат клучните датуми.

Други клучни точки:

·  Ако сте поднеле 457 Виза Апликација и Вашата професија е отстранета од листата, ќе можете да ги добиете парите назад дадени за Апликацијата од Department of Immigration and Border Protection.

·  Секој што ќе аплицира за 457 Виза од сега до Март 2018 година, мора да работи во професија вклучена во една од STSOL или MLTSSL. Ако сте на кратко – времената листа, ќе Ви биде дадена виза за 2 години и нема да имате начин до PR. Ако сте на средно – времената листа, Вашата 457 виза сéуште може да добиете до 4 години и може да имате начин до PR после 3 години.

·  Кратко – времените апликанти мора да докажат дека сакаат да останат во Австралија само привремено.

·  457 виза програмата ќе заврши комплетно во Март 2018 година.

·  Новата TSS програма бара апликантите да имаат најмалку 2 години работно искуство. Ова значи дека многу дипломирани нема да ги исполнат условите за спонзорство од следната година.

·  Што се однесува до лицата што веќе имаат 457 виза и сакаат да продолжат кон PR, зборувајќи на медиумите, Министерот за Имиграција Peter Dutton рече дека промените нема да имаат влијание врз нив и сé уште ќе можат да аплицираат за државјанство.

Што се случува следно?

Ако сте на 457 виза и сте загрижени за патеката кон државјанство или планирате да аплицирате за 457 виза, можете да го контактирате нашиот тим и да договорите бесплатна консултација. Нашите Регистрирани Миграциони Агенти ќе ги разгледаат опциите за Вас и ќе ви ја препорачаат најдобрата опција за Вас.

За бесплатна консултација со Регистриран Миграционен Агент, јавете се на:

+61 (0)449602007

или испратете е-маил на:

info@aussiemigrationservices.com.au



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top