Промоција на избрани дела од Оливера Николова

Оливера Николова е добитник на врвните книжевни награди „Рациново признание“, „Стале Попов“ и „Роман на годината“..

Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе биде промовиран тритомен избор од творештвото за деца на истакнатата македонска писателка Оливера Николова.

За избраните дела на Николова, објавени во издание на „Просветно дело“ од Скопје, ќе зборува професорката Весна Мојсова – Чепишевска, а фрагменти од творештвото ќе чита Софија Гогова – Врчаковска.

Во богатиот и разновиден опус на Оливера Николова значајно место зазема творештвото за деца. Покрај култната книга „Зоки Поки“, објавена пред 50 години, за најмладите читатели таа ги создаде и „Тајната на жолтото куферче“, „Зимски детективи“, „Љубоболки“ и други.

Меѓу нејзините бројни прозни книги за возрасни се и „Тесна врата“, „Тромбот“, „Адамово ребро“, „Вежби на Ибн Пајко“, „Куклите на Росица“ и „Куќичка“ кои имаат впечатливо место во македонската романескна продукција.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top