Промовирани реставрирани и дигитализирани филмови на браќата Манаки

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, синоќа во Битола промовираше реставрирани и дигитализирани филмови на браќата Јанаки и Милтон Манаки, ДВД издание на Кинотека на Македонија..

На промоцијата во прес-центарот на ИФФК „Браќа Манаки“, министерката Канческа-Милевска посочи дека проектот е од национален интерес во областа на културата и е составен дел на програмата на Министерството за култура со кој се демонстрира грижата за богатото аудиовизуелно наследство што го поседува Македонија.

- Токму во Битола, во градот во кој браќата Манаки создадоа непобитни фактографски и естетски вредности, во рамки на фестивалот кој ја вреднува естетиката на филмската камера, ги промовираме реставрираните и дигитализирани филмови на браќата Манаки, кои во голема мера го трасираа патот на балканската филмска историја. Овој проект е резултат на нашите заложби да обезбедиме вистински приод во заштитата на филмското наследство на Република Македонија. Проектот воедно потврдува дека нашата национална институција, Кинотека на Македонија, ги следи и исполнува меѓународните стандарди за заштита и реставрација на националното аудиовизуелно наследство и е во чекор со светските трендови за презентација на сопствената, национална кинематографија - истакна Канческа-Милевска.

Реставрирањето на 42 наслови, односно 70 минутниот материјал се изврши во текот на минатата и оваа година во унгарската филмска лабараторија во Будимпешта.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top