Пронајден мртов изчезнатиот градоначалник на Сеул

Градоначалникот на јужнокорејската престолнина Сеул , Парк Вон-сун е пронајден мртов, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, еден ден откако неговата ќерка објави дека е исчезнат..

Полицијата го пронашла неговото тело на планината Бугак , на север од Сеул, каде последен пат е снимен сигнал од неговиот телефон, соопшти агенцијата.

Парк ја напушти службената резиденција во 10:40 часот, облечен во црна капа и со ранец.

Тој го откажал политичкиот состанок закажан за денеска наутро, според неколку локални извештаи.

Парк е градоначалник на Сеул од 2011 година, а либералите го гледаа како потенцијален кандидат на претседателските избори во 2022 година.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top