Пронајдениот труп во Егејското море дали е Дениса

Не информираа дека е најдено тело кое според описот коренсподира на исчезнатата. Ќе се направи ДНК анализа за да се утврди идентитетот. – информнираат од МНР..

Само облеката на безживотното тело кое ја исфрлила водата на брегот од Егејот е иста како што носела исчезнатата Македонка Дениса Маркоска чија трага и се изгуби пред 24 дена на палубата од бродот Сиренисима. Бојата на очите  и косата на трупот засега не се открива дали се истите како на девојката од Прилеп. Обдукцијата и ДНК анализата на трупот кој сега е во надлежност на тамошната судска медицина, ќе треба да го потврди идентитетот, информацијата за пронајденото тело за Алфа ја потврдија од МНР. 

-Не информираа дека е најдено тело кое според описот коренсподира на исчезнатата. Ќе се направи ДНК анализа за да се утврди идентитетот. – информнираат од МНР.

Освен информацијата за облеката која во јавноста проструи преку грчките медиуми, засега нема детали во каква состојба било пронајдено телото и дали на него имало видливи траги на насилство. Обдукцијата ќе треба да покаже дали за цело време телото било во вода. Трупот бил пронајден во саботата на брегот на островот Карпатос. 

 Досегашните докази говорат дека случајот е обвиен со мистерија. Имено, мобилниот на Дениса беше пронајден со извадена СИМ картичка, а капетанот на бродот не го запрел патувањето во моментот кога утврдиле дека член на екипажот исчезнал додека бродот пловел на отворено море.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top