Пронајдено решение за еден од најголемите проблеми на Америка

Решение за проблемот на 21 век. САД се соочува со дефицит на кадар за нега на стари лица.Но не обичен кадар, туку кадар којшто е посветен на работата..

Податоците покажуваат дека расте бројот на стари лица кои не се способни да се грижат за себе, а се намалува бројот на лица квалификувани да се грижат за нив.

Експертите стравуваат дека нема голема заинтересираност, а побарувачката се зголемува па во Минесота дојдоа до едно креативно решение. Тие велат дека на американскиот систем му е потребна културна промена.

За Филип којшто е квалификуван асистент оваа работа значи посветеност, но и линија помеѓу животот и смртта. Постарите лица него го обожуваат. Филип е бегалец од Ирак.

До 2024, Америка ќе има потреба од близу милион работници како Филип. Минесота е земја каде што се зголемува бројот на стари лица и има огромна потреба за кадар којшто ќе се грижи за овие лица кои се над 85 годишна возраст.

За САД решението е во имигрантите. Едно од четири лица кои се грижат за стари и изнемоштени е имигрант.

Експертите дојдоа до сознание дека доколку имигрантите си заминат, ќе мора да се затворат повеќето важни институции кои се есенцијални за американската иднина.

Институтот во Минесота нуди курсеви за сестри кои ќе се грижат за старите лица, со цел да се обезбеди долготраен и квалитетен процес на чување на старото население чијашто бројка постојано расте.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top