Пророштвото на Тарабиќ: Над главата на Македонија - Русија и Западот ќе водат војна

Кога мирисот ќе излезе од полското цвеќе, кога милоста ќе излезе од човекот, кога реките ќе го изгубат своето здравје - ќе настапи најголемата општа војна..

Кога ќе започне оваа војна, тешко на оние војски кои ќе војуваат на небото, а добро за оние кои војуваат по земјата, изјавил Митар Тарабиќ.

Научниците кои се занимавале со толкување на стари записи дошле до заклучок дека тој тогаш предвидел и рекол дека Србија и Македонија нема да учествуваат во таа војна, но дека други ќе се борат преку наши глави. Исто така, тој предвидел и војна меѓу Русија и Западот во тој период.

Според толкувачите на пророштвата тоа време би можело веќе да е започнато. Поплавите кои се случија на Балканот го изгубија здравјето на реките.

Драга Пјевиќ еден од толкувачите на најпознатите српски пророци за српските медиуми дури и тврди дека уште во 205 во оргиналната верзија на текстот на пророштвата на Тарабиќи се гледало дека се најавуваат настаните во Македонија.

- Балканска војна со Албанци ќе се распламти во Македонија. Цел Балкан ќе биде против Албанија - натрапниците ќе бидат поразени и ќе побегнат кон Америка., пренесува дел од пророштвото Пејвиќ.

И Нострадамус ја споменува Македонија во контекст на војни. Во еден кватрен од неговите пророштва Македонија се поврзува со натрапници, за кои се вели дека на Македонија ќе атакуваат од север и од запад, веројатно се мисли на Гего-Албанците (Арнаутите) од Косово и од Албанија, за да ги изгонат до мородците, заклучувајќи дека војната ќе заврши во крв и урнатини, но дека натрапниците ќе бидат казнети од европскиот сојуз

Во посебен кватрен Македонија се спомнува како не дол жна земја, која ќе биде вовлечена во евентуална грчко-турска војна.

Запалена светилка ќе биде видена,
Во ноќно време,
близу до Рона (Јужна Франција, з.н.).
Глад и војни ќе дојдат и помошта ќе биде предоцна,
кога Персија ќе се мобилизира,
да ја заземе Македонија.

Извор - MkdNews


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top