Протест: „Сите копилиња“ на пладне пред Влада

Утре (понеделник 12.март) во 11 часот пред просториите на Здружението на новинар ќе почне протест, по повод заканите упатени кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани..

Се собираме пред ЗНМ, ќе се упатиме пред Владата на Република Македонија од која со протест во 12 часот ќе побараме на дело да покаже дека се залага за функионирање на секој сегмент на правната држава, особено кога во прашање е слободата на говор и физичкиот интегритет на новинарите. 

Контроверзниот Асани ужива углед на недопирливост и неказнивост, а неговите последни навреди и закани упатени кон Селмани имаат цел да ги заплашат сите новинари. Ова не е само протест за поддршка на колегата Насер Селмани кој е изложен на сериозни закани и притисок, туку и порака до сите граѓаните кои се загрижени за окрепнувањето и чувањето на темелните вредности на правната држава како слободата на говор и владеењето на правото.

„СИТЕ КОПИЛИЊА НА ПЛАДНЕ ПРЕД ВЛАДА!“, се вели во повикот објавен на социјалните мрежи


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top