Протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Мицковски бара амнестија за учесниците во настаните од 27 април во Собранието

Со оваа влада ја губиме државата порача од протестот во Струмица лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски..

Тој пред струмичани говореше дека власта работи на уништување на самодовербата на народот. Според него моменталните владини политики се насочени кон тоа да се убедат граѓаните дека се во безизлезна ситуација и дека мора да прифатат промена на името.

Мицковски во својот говор не зборуваше за референдумот, но зборуваше за европската перспектива на Македонија. Рече дека нема интеграција во Европа пред самите во Македонија да се интегрираме. Според него за во Европа е потребно труд и напорна работа. Тој уште еднаш го потврди и барањето за амнестија за учесниците во случувањата од 27 април.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави работно лето наречено Лето за Македонија во кое професионалци од земјава и од дијаспората ќе изготват програма којашто ќе понуди решенија за стабилна и богата земја. Рече дека наскоро ќе излезат со програмата и ќе ја презентираат пред граѓаните.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top