Протоѓер во бомбите од Титаник: Миле, после избори да одиш на тест за интелегенција!

Во судницата почна слушањето на неколку од 1.000 снимени разговори, со кои СЈО ќе го докажува „злосторничкото здружување во ВМРО ДПМНЕ.

Судиите од Кривичниот суд ги одбија барањата на адвокатите и на обвинетите во „титаник“ да се утврдува кога и како биле добиени разговорите, да се утврди автентичноста на тн бомби кои се предлагаат како докази, како и тоа, нивното изведување да биде затворено за јавноста.

Судот соопшти дека во конкретниов случај јавниот интерес е над приватниот, а го прифати ставот на обвинителката Лиле Стефанова дека за бомбите како доказ се изјаснил и Апелациониот суд во претходна фаза на оваа постапка и ги дозволил како дока врз кој може да се заснова пресуда.

По ваквите решенија, во судницата почна слушањето на неколку од 1.000 снимени разговори, со кои СЈО ќе го докажува „злосторничкото здружување во ВМРО ДПМНЕ“.

Почнаа да се слушаат разговори снимени во април и мај 2011 непосредно пред парламентарните избори. Најголем дел разговори се помеѓу Миле Јанакиески и Мартин Протоѓер, који според снимките е „туто ди капи“ и издава наредби како да се постапи за да се натера дијаспората во Европа, Америка и Австралија да се пријави и да гласа за пратеници, бидејќи заинтересираноста е многу мала.

Во судница, во разговорите се слушна како Мартин Протоѓер му дава задолжение на Миле Јанакиевски да ги задолжи амбасадорите и конзулите во Америка и Австралија да одат од врата на врат и да ги анимираат македонските исселеници да се пријават, да отворат кол центри во конзулатите и амбасадите и по три пати на ден да им вртат на исселениците, да стават по двајца луѓе во секое македонско друштво, да им вртат од штабови за да се достигне бројката од 1.000 пријавени за гласање, бидејќи тогаш, според разговорот, во Америка имало пријавени само 30 луѓе заинтересирани за гласање.

 

„Да им се даде задолжение на амбасадорите да одат од врата на врата, да им ѕвонат од конзулати и амбасади и да се испрати по еден човек во Белград, Загреб и во Америка. Мизо да им даде обврска на економските промотори, а амбасадорите да посетуваат по 70 луѓе на ден - му вели Мартин на Миле.

 

Во друг разговор, Миле и Мартин разговараат да се продолжи рокот на партискиот оглас за пријавување кандидати, на што Јанакиески реагира дека тоа е невозможно бидејќи звршува рокот за пријавување во ДИК. На ова, Протуѓер реагира: „Миле, после избори задолжително да одиш на тест за интелегенција“ - вели Мартин, откако сфаќа дека Јанакиески направи збрки со датумите.

Во разговор околу итната потреба на анимирање на исселениците за анимирање, Протоѓер вели: „Во секое ЕБЕНО македонско друштво што го имаме амабасдорите да назначат по двајца што ќе им вртат на луѓето да се пријават за гласање“. Протоѓер заклучува дека не се доволни МНР, Агенција за исселеништво само и мора партискиот штаб да преземе се во свои раце.

Од разговорите се слуша дека многу им е важен Лондон, па бараат луѓе што имаат „лондонска виза“ за да ги испратат кај исселениците, а исто така и Америка и Канада, каде што од Брисел ја испраќаат Васе Тренеска во Торонто.

Се зборува и за пари кои треба да се подигнат од партијата за да се покријат или рефундираат парите за трошок на луѓето што ги испраќаат во странство.

По почнување на разговорите во судница реагираше Илија Димовски, кој бараше одговор дали покрај што е должен да присуствува на судењето, должен е да ги слуша и телефонските разговори. судот му објасни дека мора да седи бидејќи е обвинет.

На барање на адвокатите, обвинителката овој пат не читаше помеѓу кого се води разговорот, туку само бројот под кој е заведен доказот.

Судењето за „Титаник“ продолжува утре со слушање на другите разговори.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top