Прв сомнителен случај на ебола во Чешка и Северен Кипар

Мострите земени од пациентот ќе се тестираат во Германија и резултатите ќе бидат познати денеска..

Во Чешка е евидентиран прв случај на сомнеж за хеморагична треска ебола кај 56-годишен Чех, кој пред повеќе од 20 дена се вратил од Либерија. 

Како што соопштија надлежните здравствени служби, иако освен повисока температура, пациентот нема други симптоми, тој е хоспитализиран во специјално подготвеното одделение за евентуални заболени од ебола.

Мострите земени од пациентот ќе се тестираат во Германија и резултатите ќе бидат познати денеска.

Според лекарите, состојбата на пациентот предизвикува сомнеж за смртоносната болест ебола, но симптомите и здравствената состојба се слични и на ред други болести. 

Сомнежи за појава на ебола има и во Северен Кипар. Според кипарскиот весник на турски јазик „Хавадис“, студент од Того манифестирал симптоми на вирусот и бил одведен во болница во градот Фамагуста во турскиот дел на островот. 



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top