Прва средба Путин – Ким во Владивосток

Светска тема број еден денеска е средбата меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. Аналитичрите ја споредувааат средбата со онаа меѓу Ким и американскиот претседател, Доналд Трамп..

Путин и Ким во Владивосток ќе разговараат за решавање на корејскиот проблем, како и за зајакнување на билатералната соработка меѓу Северна Кореја и Русија.

Руските аналитичари наведуват дека станува збор за историска посета на Ким на Русија.

„Доаѓањето на Ким Џонг-ун на разговор со Путин за нуклеарното разоружување зборува само едно – дека тој не постигал договор со Трамп и дека резултатите од тие разговори  биле разочарувачки за Ким“, вели Павел Фелдман од Институтот за стратешки истржувања и прогонози при Рускиот универзитет за пријателство.

Владимир Колотов, директор на Институтот Хо Ши Мин на Државниот универзитет во Санкт Петербург, смета дека Русија може да одигра значајна улога на Корејскиот полуостров.

„Русија не може да ја одигра улогата на САД, но може да се обиде да ја деблокира ситуацијата што моментално е во ќорсокак. Дури и самитот во Ханој не помогна. Американците поставија услови кои не можат да се исполнат, што е унилатерално разоружување. Можеби Путин ќе успее да го ублажи овој проблем со зајакнување на безбедноста на Корејскиот полуостров од една страна, а од друга страна, обидувајќи се да влијае на секој чекор во правец на разоружување на Пјонгјанг, Американците да тргнат некоја санкција“, вели тој.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top