Прванов: Горна или Северна Македонија се во корист на Грција, но на сметка на Бугарија

Преговорите за решевање на спорот за името меѓу Македонија и Грција не треба да бидат на сметка на Бугарија, изјави денеска поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, во емисијата „Ова утро“ на „БТВ“..

Според Парванов, фактот што дијалогот за името меѓу Грција и Македонија е деблокиран е позитивен, но, додава, оти е загрижен бидејќи „почнуваат да се водат разговори во насока на неколку решенија, од кои некои спротивни на бугарската позиција“.

– Да, ние ја признаваме Македонија под уставното име, пред се, но замислете ги варијантите како Горна Македонија или Северна Македонија, тоа се решенија кои се во корист на Грција, но на сметка на Бугарија – вели Парванов.

Поранешниот бугарски претседател (од 2002 до 2012 година) смета дека не е сеедно за Софија и за нејзината дипломатија како ќе завршат преговорите, додавајќи дека во еден момент треба да постои и некаква усогласеност и со Бугарија

– Името Северна или Горна Макеоднија го вклучува и регионот на Пирин, Егејскиот регион не нè засега и не го коментираме, а истовремено претензиите кон Бугарија лебдат во просторот. Најмалку тоа мора да се дискутира меѓу владите на двете земји – вели Парванов.

Според него, деблокирањето на преговорите меѓу Атина и Скопје е поради притисок од Западот, најверојатно од преку океанот, алудирајќи на Соединетите Американски Држави.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top