Првата бомба е од Олд Трафорд: Јунајтед го доби првото засилување!

Преодниот рок во Англија почна пред два дена, а Манчестер Јунајтед веќе го договори првото летно засилување..

Станува збор за фудбалерот на Монако, Жибрил Сидибе кој е еден од последните од блескавата генерација на овој клуб кој си заминува од кнежевството. Може да игра на која било позиција во одбраната, но Мурињо најверојатно ќе го користи како лев бек бидејќи опциите што ги има на тоа место не му се допаѓаат.

Сидибе дојде во Монако во 2016 година од Лил и ќе настапи на претстојното Светско првенство во Русија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top