Првата жена астронаут ќе зачекори на Месечината до 2024

Една од 12-те жени астронаути во НАСА ќе биде првата која ќе зачекори на Месечината до 2024 година, до кога САД најавија дека луѓе повторно ќе чекорат по лунарната површина, а НАСА соопшти дека меѓу тие луѓе ќе има и една жена..

Жените се на возраст помеѓу 40 и 54 години, од различни професии, а американската агенција ги избрала меѓу илјадници пријавени.

На почетокот НАСА регрутираше војници, мажи. Дванаесет астронаути, кои чекореа по Месечината меѓу 1969 и 1972 година, сите беа мажи. Првата жена во вселената беше Сели Рајд во 1983 година.

За враќањето на Месечината, одлука која ја донесе претседателот Доналд Трамп, НАСА вети и една жена. Четири од астронаутките би претставувале најдобра рамнотежа меѓу младоста и искуството, оценуваат експертите.

Тоа се поранешната воена пилотка на хеликоптер, Ана Меккејн, инжињерката Кристина Коч, Џесика Мер – биолог и поранешната пробна пилотка на ловец Ф/А 18, Никол Ман, која учествувала во војните во Ирак и Авганистан.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top