Првиот тренинг на Реал беше – циркус!

По двомесечна пауза и тренирање во домашни услови, играчите на шпанските клубови добија дозвола за заеднички тренинзи во своите бази..

Од 18 мај веројатно ќе можат да вежбаат и во помали групи, но јасно е дека на фудбалерите ќе им биде многу тешко да се вратат во посакуваната форма. За тоа како изгледал првиот тренинг на Реал, сведочи бекот на мадридскиот клуб Дани Карвахал.

„Многумина од нас имаа проблем да ја контролираат топката кога почнавме да тренираме. Тренирање во нашата база и дома не може да се спореди. Првиот ден беше ужасен, како никогаш да не сме играле фудбал. Сега е се подобро, наскоро ќе биде подготвени и го очекуваме продолжението од сезоната“, изјави Карвахал.

Според планот, Ла Лига би требало да продолжи на 12 или 19 јуни, но дотогаш екипите не смеат да играат подготвителни натпревари што ќе биде голем проблем за темпирањето на формата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top