Првпат од јануари наваму: Кина без смртен случај од корона за 24 часа

Кина не пријави ниту смртен случај од коронавирус во последните 24 часа, првпат откако во јануари годинава почна да ги објавува дневните анализи..

Националната здравствена комисија соопшти дека во земјата вчера имало 32 нови случаја на Ковид-19, но сите биле дојдени од странство.

Од декември лани, според владините податоци, досега починале 3.331 лице и имало 81.740 заразени. Од утре, на жителите на Вухан повторно ќе им биде дозволено да излезат од градот, првпат откако тој беше ставен во карантин во средина на јануари.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top