Првпат откако дојде, Солскјер распали по Мурињо

Новиот привремен менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер првпат јавно ја искритикува тактиката што ја користеше неговиот претходник Жозе Мурињо..

Во интервју за една малезијска телевизија, тој изрази незадоволство од начинот на кој Португалецот го водеше тимот.

„Манчестер Јунајтед треба да игра напаѓачки фудбал, а не да се држи до ромбови или додавања наназад“, рече, меѓу другото, Солскјер.

На шесте натпревари под негово водство, Јунајтед постигна 17 гола, а само на последниот дуел, против Тотенхем остана на само еден. За волја на вистината, имаше и многу среќа да излезе како победник од тој меч бидејќи свој ден имаше голманот Давид де Геа.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top