Првпат во историјата: Јуве е број 1 во Италија во сите натпреварувања

Осумгодишната хегемонија во италијанскиот фудбал резултираше со избивање на првото место на Јувентус во сите домашни натпреварувања во кои настапува..

По бројот на титулите во Серија А одамна е убедливо на чело, но сега е на врвот и во другите параметри. Синоќешната титула во Суперкупот беше осма за клубот и со тоа го помина Милан кој имаше 7. Во 2012 година, кога Јуве ја освои првата од седумте титули по ред, „росонерите“ беа далеку напред во ова натпреварување.

Истото важи и за Купот на Италија каде немаше трофеј 20 години, а потоа триумфираше во него четири сезони по ред. Од израмнета ситуација со Рома, Јувентус сега има 4 титули повеќе.

Единствен проблем е Лигата на шампионите, но тоа не е италијанско, туку меѓународно натпреварување. Таму најмногу титули има Милан – 7, потоа следува Интер со 3, па Јувентус со само 2.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top