Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот не ја зел предвид високата гаранција кога ја донел одлуката за притворање до правосилност на пресудата..

„Јавна тајна е дека дел од обвинетите додека траеше судскиот процес беа пуштени да се бранат од слобда со гаранции кои беа прифатени не само од Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје, туку истите беа и потврдени и од страна на Апелациониот суд Скопје“, напишаа адвокатите во писмо до јавноста.

„За овие обвинети за кои беше определена гаранција, судијката Кацарска при донесување на решенијата  за определување на мерка притвор, намерно или случајно ја заборави изречената гаранција. Така во донесените решенија за притвор таа вопшто не беше спомената па така сега имаме ситуација во притвор да се наоѓаат обвинети на кои истовремено од Апелациоски суд им  уважи висока гаранција (на некои дури и до 800.000 евра) за да се бранат од слобода, која сe` уште е во правна сила“, објаснуваат адвокатите.

„Ова е виситински преседан во македонскиот правен систем, нешто што не е дозволено согласно одредбите од зкп, па затоа и никогаш не се случило до сега во македонското судство, ама се случи во овој судски процес некој да биде притворен, а притворот дури и му се гарантира со гаранција од неколку стотици илјади евра, навистина чудно, за правната фела неразбирливо“, пишува во соопштението до јавноста.

Според адвокатите, ваквата одлука на судот е во спротивност со одредбата од член 144 став 2 од ЗКП, во согласност со која судот кон обвинетиот истовремено може да определи повеќе мерки, освен кога ќе ја определи мерката притвор.

Адвокатите појаснуваат дека во Законот за кривичната постапка точно се определени условите кога веќе еднаш уважената гаранција може да пропадне или да се врати на обвинетиот, а тој услов не е и не може да биде изречената првостепена судска одука за огласување на виновен за сторување на кривично дело и определување на првостепена казна.

Гаранцијата ќе пропадне и на обвинетиот ќе му се определи притвор ако не дојде на уредно доставената покана и за тоа не го оправда изостанокот, ако побегне и ако го повтори или доврши кривичното дело или го стори кривичното дело со кое се заканува.

Адвокатите потсетуваат дека обвинетиот Сеад Кочан во случајот на СЈО ,,Труст“ имал уважена гаранција, па така кога првостепениот суд го осуди на казна затвор од 6 години, токму поради вложената гаранција Кочан беше спроведен во притвор.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top