ПСЖ го надигра Реал, Атлетико во 90-та се спасуваше од пораз против Јуве, Баерн и Сити рутински

ПСЖ на крилјата на Анхел Ди Марија му одржа лекција на Реал Мадрид и го совлада со 3-0, Атлетико и Реал одиграа возбудливо реми, Баерн и Манчестер Сити до рутински победи против Црвена звезда односно Шахтар..

„Светците“ му одржаа лекција на Реал Мадрид и покрај тоа што во тимот ги немаше Нејмар, Мбапе и Кавани. Анхел Ди Марија со два гола беше творец на победата, а триумфот од 3-0 го потври Мунје во судиското надополнување.

Возбудливо беше и во Мадрид, каде Атлетико и Јувентус ги поделија бодовите. По мирно прво полувреме, „старата дама“ поведе со 0-2 со головите на Квадрадо и Матуиди, за потоа Савиќ да намали на 1-2, а Ерера во 90. минута да изедначи на 2-2.

Баерн Минхен со 3-0 ја совлада Црвена звезда, гостите губеа 1-0 до завршните десет минути, за концентрацијата да падне во финишот од мечот и да примат два гола.

Манчестер Сити со 0-3 славеше на гостувањето во Украина кај Шахтар, а триумф на гости забележа и Локомотив Москва од 1-2 против Баер Леверкузен.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top