ПСЖ се откажа, Јунајтед добива страшен стопер!

Францускиот весник Ле Паризјен тврди дека ПСЖ се откажал од трансферот на Калиду Кулибали што значи дека стоперот на Наполи е слободен да се пресели во Манчестер Јунајтед..

За искусниот Сенегалец заинтересирани се уште Барселона, Реал, Сити и Њукасл, но Јунајтед е најголем фаворит за неговиот потпис. ПСЖ, наводно, се откажал бидејќи челниците сметаат дека 70 милиони евра за него се премногу пари.

Но, дури и таа сума е со голем попуст затоа што сопственикот на Наполи, Аурелио де Лаурентис порано инсистираше дека нема шанси да го продаде Кулибали за помалку од 100 милиони евра.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top