Пучдемон нема да се кандидира за премиер на Каталонија

Поранешниот премиер на Каталонија, Карлес Пучдемон, кој беше соборен од шпанската централна влада и е во егзил во Брисел, денеска најави дека се откажува да се кандидира за премиер на каталонската влада, пренесе Франс прес..

Во видеозапис, закачен на социјалните мрежи, Пучдемон изјавува: „Го информирам претседателот на каталонскиот парламент да не ја покренува привремено мојата кандидатура (за премиер)“.

АФП потсетува дека ако се врати во Шпанија, Пучдемон ќе биде уапсен, бидејќи е обвинет од шпанското правосудство за поттикнување бунт.

Парламентарната група на неговата партија „Заедно за Каталонија“ го нуди за кандидат за премиер Жорди Санчез, лидер на каталонската сепаратистичка група, кој исто така е обвинет за бунт и е во шпански затвор, додава АФП.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top