Пучдемон: Подготвен сум да соработувам со белгиското правосудство

Разрешениот претседател на каталонската регионална Влада, Карлес Пучдемон вечерва изјави дека е подготвен да соработува со белгиските правосудни власти, кои, според него, за разлика од шпанските, не се политизирани..

– Нема да бегам од правдата. Ќе отидам пред судските власти, но вистинските судски власти. Му реков на мојот адвокат да ги извести белгиските правосудните власти дека сум целосно подготвен да соработувам со нив, изјави Пучдемон.

Шпанскиот Врховен суд вечерва соопшти дека издал европски налог за апсење на Пучдемон, како и за четворица членови на неговиот разрешен Кабинет.

Пучдемон и четворицата министри, кои заминаа во Брисел откако на регионалните власти на Каталонија им беа одземени сите надлежности, се обвинети за бунт, поттикнување на бунт, злоупотреба на јавни фондови и кршење на довербата.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top