Пукање на бит пазар, има повредени, куршуми летале на сите страни околу тезгите

Вечерва на Бит Пазар се случила престрелка со повредени.

Пукањето се случило на улицата која го одвојува пазарот, а куршуми летале на сите страни околу тезгите.

Пукањето траело кратко, а набрзо дошле возила на Итната помош со која биле однесени во болница повредените.
Од МВР засега нема информации за инцидентот.

Исто така на 04.10.2019 во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреда од пиштол бил донесен А.Б.(27) од Скопје.

Околу 15.30 часот на ул.„Бајрам Шабани“ во настанот учествувале неколку лица, а со повреди се здобл А.Б.. Подоцна, во близина на местото, било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(28) од с.Света Петка, кое имало оштетувања од огнено оружје. Се работи на расчистување на случајот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top