Пукање во Њујорк: четири лица убиени, пет ранети, сѐ уште никој не е уапсен

Како што јавуваат американските агенции, во Њујорк се случило пукање во кое има и мртви и ранети..

Според првичните информации убиени се четири лица, а пет се ранети. Асошиејтед прес известува дека сѐ уште никој не е уапсен, и дека пукањето се случило во Бруклин.

Полицијата за Њујорк пост кажа дека повеќе лица се приведени на испрашување, а мотивот за напад сѐ уште не е познат.

Нападот се случил во ноќен клуб во квартот Краун хајтс, а локалот се изнајмува за „приватни и социјални забави“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top