Пукна работата: Трансферот на Рагник во Милан нема да се оствари

По ваквата информација, веројатно Стефано Пиоли ќе добие доверба да го води Милан и следната сезона, ако во меѓувреме Милан не ангажира друг тренер..

Милан беше извесен период во преговори со Рагник, кој на сопствениците на Милан им побарал целосна автономија кога се во прашање трансферите, па веројатно на таа точка во преговорите застана работата.

Веста доаѓа како изненадување, бидејки претходно, на голем глас се зборуваше од страна на медиумите во Италија дека трансферот на Рагник во Милано е прашање на денови.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top