Путин: Борбата против тероризмот, приоритет на Шангајската организација

Рускиот претседател Владимир Путин порача на самитот на Шангајската организација за соработка дека антитерористичките напори се приоритет на оваа регионална група на чело со Москва и Пекинг..

Во обраќањето во кинескиот град Џингдао, Владимир Путин изјави дека новиот договор кој е усвоен, подразбира планови за заеднички антитерористички напори во наредните три години.

Путин наведе дека новиот договор за антитероризам предвидува заеднички воени вежби, размена на информации и спроведување координирани антитерористичи акции.

Инаку, дел од Шангајската организација се Кина, Казакстан, Киргистан, Русија, Таџикистан, Узбекистан, Индија и Пакистан.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top