Путин го информирал Макрон дека на Украина ѝ се вратени трите запленети бродови

Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговарал со својот француски колега Емануел Макрон за ситуацијата во Украина..

„Владимир Путин го информираше претседаелот Макрон дека во водите на Црно море е изведено предавање на три воени бродови на украинската морнарица што биле вмешани во провокации во подрачјето на Керчкиот теснец“,се навдува во соопштението на Кремљ.

Како што се наведува во соопштението, во текот на разговорите главното внимание било посветено на ситуацијата во Украина, земејќи во предвид дека се подготвува самит во нормандискиот формат, што, како што се очекува, ќе се оддржи на 9 декември во Париз

„Двете страни нагласија дека таквите средби треба да овозможат брза и полна реализација на Минските договори“, додаваат од Кремљ.

Двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во Сирија и за прашањата на билатералната соработка.

Претходно руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва на украинската страна и предала три брода на украинската морнарица што биле задржани минатата година во близина на Керчкиот теснец, заради повреда на руската граница.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top