Путин го отфри тврдењето дека Русија го отрула поранешниот двоен агент во Велика Британија

Претседателот Владимир Путин го отфри тврдењето дека Русија го отрула поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка на почетокот на март во Велика Британија. Додека експерт за хемиско оружје се упати во Велика Британија да го испита нападот..

„Сметам дека секој мудар човек ќе разбере дека е комплетно глупаво, несоодветно, бесмислено дека некој во Русија би си дозволил да стори такво нешто пред изборите и пред Светското првенство. Тоа е едноставно незамисливо,“ рече Путин.

Случајот предизвика и Велика Британија и Русија да ги протераат меѓусебните дипломати.

Експерти ќе ја посетат Британија за да соберат примероци од нервниот агенс што се користелво нападот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top