Путин го потпиша договорот за гасоводот Турски тек

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша договорот за изградба на гасоводот Турски тек до јужна Европа, јавуваат руските медиуми..

Со него се предвидува 30 годишна руско турска соработка во скоро 1100 километри долгиот гасовод со кој гасот ќе се спроведува преку Црно море до турската граница во јужна Европа. 

Некои европски земји, вклучувајќи ги Грција, Унгарија и Словачка изразија интерес за гасоводот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top