Путин го провози египетскиот претседател на патеката на која се вози Формула 1

Рускиот претседател Владимир Путин го провози својот египетски колега Абдел Фатх ал-Сиси на патеката во Сочи каде се вози трката во Формула 1 за Големата награда на Русија..

По завршување на политичките разговори рускиот претседател избра еден од автомобилите од неговата придружба, “Аурус Сенат“ од руското производство, и со Абдел Фатх на довозачкото место, се провозија на патеката во Сочи. 

Итересно е што “Аурус Сенат“ беше преставен во мај годинава, истиот ден кога беше претседателската инагурација на Путин.

Тогаш рускиот министер за трговија, Денис Мантуров претстави два модели на Аурус, Сенат седан и Арсенал. Двата автомобила се дел од придружбата на Путин, двата се блиндирани, а тој лично испроба еден од нив. 

Автомобилите ќе бидат пуштени во продажба следната година, кога ќе биде преставен и новиот Aurus SUV под името “Комендант“.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top