Путин го укина нуклеарниот договор со САД

Владимир Путин потпиша, нуклеарниот договор со САД веќе не важи..

Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша законот со кој се суспендира Договорот за нуклеарни ракети со среден дострел со САД  од врамено на Студената војна.

- Да се укине Договорот меѓу СССР и САД за ликвидација на ракети од среден и краток дострел, потпишан во Вашингтон на 8 декември во 1987 година, се наведува во Официјалниот документ објавен на официјалната интернет страница за правни информации на Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп на почетокот на годината соопшти дека Вашингтон на 2 февруари започнува процедура за повлекување од овој сојуз и ја обвини Русија за нарушување на договорот, што Москва веднаш го демантира.

Инаку, Договорот за ракети од среден и краток дострел е потпишан на 8 декември во1987 година за време на посетата на тогашниот советски лидер Михаил Горбачов на Вашингтон.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top